
Кошаркарите на Валенсија го победија Панатинаикос во четвртиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата со резултат 89:86 и со тоа ја вратија серијата во Шпанија. На трибините со „постери“ беше и газдата на Пао Димитрис Јанакопулус кој е суспендиран.

Валенсија играше од самиот почеток во својот препознатлив ритам. Тоа никому не му се допаѓа, дури ни на Панатинаикос кој изгледаше целосно нерасположен. Доминираше Џан Монтеро, кој сè повеќе го оправдува прекарот „Ел Проблема“.

Македонски



