
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше пријавен за семејно насилство врз својата сопруга.
Според обвинителниот предлог, обвинетиот, кој е лице со полициски овластувања, по вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал својата сопруга. Нападот се случил пред нивната малолетна ќерка, при што обвинетиот ја удирал жртвата по лицето и главата, а потоа се обидел и да ја дави фаќајќи ја за вратот.
Од ударите жената добила телесни повреди и имала психичка вознемиреност.
Според наводите од ОЈО ГОКК, за да се спаси од нападите, жената успеала да се засолни во тоалетот. Кога се обидела да го напушти домот заедно со детето, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон. Потоа заедно со ќерката помош побарале кај сосетка, која ги примила во својот дом.
Заедно со обвинението, Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје доставило и предлог за продолжување на мерката притвор. Обвинител смета дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и недостапност на органите на прогонот, ризик од повторување на делото, со оглед на тоа што обвинетиот живее во заеднички дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството.
За случајот неделава информираа и од Министерството за внатрешни работи од каде рекоа дека настанот се случил на 2 мај, околу 23 часот, кога 37-годишна жена пријавила дека била физички нападната во семејниот дом, каде што ѝ биле упатувани и закани од лицето Р.Р. кој е дел од обезбедувањето на премиерот.
Мицкоски во вторникот ја потврди информацијата велејќи дека лицето е дел од претходницата која не ја гледа често, додавајќи дека сопругата на напаѓачот е ќерка на негов колега од факултет.
Против еден од телохранителите на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше пријавен за семејно насилство, е поднесен обвинителен предлог.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, по спроведена постапка, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда, информираат од Обвинителството.
Оттаму споделуваат детали за настанот, во кој вработениот во МВР ја нападнал сопругата, и тоа пред очите на малолетната ќерка.
Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.
Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом, информираат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека бараат продолжување на мерката притвор.
Со обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. При тоа е земено предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството, додаваат од Обвинителството.

Македонски



