Skip to main content

ЅИРНИ 8: Проекција на кратки анимирани филмови на Крсте Господиновски

на 7 мај (четврток), со почеток од 20:00 часот во Кафе и филм КОТУР ќе се оддржи проекција на кратки анимирани филмови на Крсте Господиновски проследена со разговор со авторот. Ова е вториот од низа промотивни настани кои го најавуваат осмото по ред издание на фестивалот на филм и музика SИРНИ.

Фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври на повеќе локации како и во Кафе и филм КОТУР.

Повикот за учество на филмови е отворен до 31 август 2026 на https://filmfreeway.com/DzirniFilmAndMusicFestival.

Програма за 7 мај (четврток)Крсте Господиновски е македонски режисер, познат по својот радикален, експериментален стил и моќни анимирани филмови. Автор кој со својата работа остава длабок печат врз македонската кинематографија, а неговиот успех на домашен терен и меѓународни фестивали дополнително зборува за истото.

Анимираниот филм го користи како медиум за критика што го прави впечатлив глас во европска филмска кинематографија како и голема мотивација за новите генерации филмаџии. Наградата од публика на претходното издание на Ѕирни припадна токму на „Неми филмови“ – последниот филм на Господиновски.

Неми Филмови, 2025

Приказната се одвива на залезот на немото кино, следејќи лик кој се обидува да ја задржи славата од минатото. Филмот е снимен со куклена стоп анимација во еден непрекинат кадар.

Небиднина, 2023

„Небидина“ е омнибус составен од четири анимирани кратки филмови, инспирирани од четири поеми на Ацо Шопов. Авторите се Жарко Иванов, Крсте Косподиновски, Владимир Лукаш и Иван Ивановски.

Готлиб, 2018

Изгубен и заглавен во лавиринтот на сопствената потсвест, главниот лик Готлиб грчевито се бори да го пронајде патот назад во реалноста. Во оваа потрага, тој постојано го препрашува постоењето на неговиот измислен свет, дури до таму што се обидува да го деконструира. На самиот крај, додека неговите реалности се судираат една со друга, тој станува свесен за заробеноста во самиот себеси.

Осмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“, кој го поддржува независниот културен сектор во Република Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници.

Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој“ е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година

Поврзани вести