Skip to main content

Пожар во Шуто Оризари, запалена е машина за метал

ДЗС

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) на бројот 112 е пријавен пожар на запалена машина за мелење железо на улица 1675, број 24, во скопската населба Шуто Оризари, соопштија оттаму.

Од ЦУК информираат дека на терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со две противпожарни возила.

Се работи на локализирање и гаснење на пожарот, а засега нема информации за повредени лица.

Поврзани вести