
Денеска преку 112 е добиена пријава за пожар на запалена машина за мелење железо на ул. 1675 бр. 24 во Шуто Оризари. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со две противпожарни возила.
Според информација од РЦУК Скопје, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови.

Македонски



