Skip to main content

Само бод за Шкендија, Вардар сѐ поблиску до титулата

 Без победник заврши попладнево дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија (1-1), додека Македонија ЃП извојува рутинска победа на гостински терен над Шкупи (4-0) во двата воведни натпревари од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Шкендија со голот на Ндзенгуе во 14 минута го одржуваше водството до самиот финиш кога Силекс ја искористи предноста од фудбалер повеќе поради исклучување на Тамба во 71 минута и со голот на Мишов во 89 минута дојде до бод.

Шкендија со ремито во Кратово остана на три бода зад лидерот Вардар, кој утре му гостува на Башкими.

Фудбалерите на Македонија ЃП веќе по првото полувреме имаа убедливо водство од 3-0 во дуелот со последно пласираниот Шкупи со головите на Галевски (12) и Николиќ (25, 39), а точка на победата стави Софијановски во 49 минута.

Поврзани вести