Skip to main content

Крцкави тиквички повкусни од секој чипс: Пригответе ги најдобрите грицки за Први мај

Тиквичките приготвени во фритеза на врел воздух се совршено предјадење на кое никој не може да му одолее

Состојки:
4 големи тиквички
сол, бибер, црвен пипер
мирудија
таан
грчки јогурт
маслиново масло
брашно

Приготвување:

  1. Добро измијте ги тиквичките и исечкајте ги на кругови – без да ги лупите.
  2. Со поголемо капаче (на пример, капаче од балон за вода од 5 литри) исечкајте го мекиот дел од тиквичките.
  3. Пресечените кругови извалајте ги во брашно, сол, бибер и пипер.
  4. Попрскајте ги круговите со малку маслиново масло, па печете ги во фритеза на врел воздух.
  5. Остатоците од тиквичката (средината) зачинете ги и продинстајте ги на масло.
  6. Во блендер ставете ги продинстаните остатоци од тиквичка, таан, грчки јогурт и мирудија.
  7. Сето тоа иситнете го, па додајте го како сос за испечените тиквички.
  8. Погледнете ги деталните упатства во видеото во продолжение…

Поврзани вести