Skip to main content

Коалиција „Вреди“: Срамот и деградацијата не се во нашиот двор, туку во дворот на ДУИ

Следејќи ја вообичаената пропаганда, ДУИ уште еднаш докажа дека е мајстор за манипулации и ниски клевети, во очајнички обид да го оттргне вниманието од сопствените неуспеси, реагираат од Коалицијата „Вреди“.

ВЛЕН е и останува силно на страната на албанските национални интереси, секогаш бранејќи го правото на Република Косово како независна и суверена држава. Обидите на ВЛЕН да му се припишат непостоечки ставови се залудни и неосновани.

„ВЛЕН не негира дека Иван Стоилковиќ е претставник на Србите, тој е нивен претставник и ние не се обидуваме да го претвориме во Албанец, а уште помалку да го натераме да размислува како Албанец, но разликата меѓу нас и ДУИ е дека тие самоинициатевен остана дел од Отворен Балкан, иницијатива која никогаш не ја призна Република Косово. Потсетуваме дека првата средба на премиерот Христијан Мицкоски беше со премиерот Албин Курти“.

За оние кои не знаат, но треба да знаат: ВЛЕН не прифаќа, ниту пак користи терминологија што го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово. Наместо да ги клевети другите, би било добро ДУИ да се погледе себесе во огледало и да ге разгледа ницната сомнителна позиционираност во однос на националните интереси.

ВЛЕН останува верен на своите принципи и е посветен на искрена и чесна меѓуалбанска соработка, отфрлајќи секаква форма на компромис на штета на албанскиот народ. Албанците се свесни кој достоинствено ги застапува и кој им служи на лични и партиски интереси.

Срамот и деградацијата не се во дворот на ВЛЕН, туку таму каде манипулациите и клеветите станаа политичка доктрина, подвлекува Коалицијата „Вреди“.

Поврзани вести