
Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.
Шилегов посочи дека реакции за несоодветното водење на партијата имало и од обичните членови на партијата и од претседателите на општинските организации.
„Не е дека некој нешто чека, но ќе видиме како ќе се движат работите. Но, огромна е комуникацијата со мене, со другите луѓе што сме сериозно загрижени за состојбата во партијата, и тоа на сите нивоа. Од обичното членство до актуелни претседатели на општински, кои се номинирани од ова раководство, бидејќи гледаат дека не ја бива работата“, рече Шилегов.

Македонски


