
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи заминал за Тајланд. Тоа може да се заклучи од фотографијата која ја споделил на својот Фејсбук профил на на која се чекирал дека е во Бангкок, Тајланд. Во описот на фотографијата Фетаи не пишува дали е таму приватно или се работи за службена посета.
Во јавноста веќе извесно време има дилеми каде е Фетаи, особено откако неговиот колега од владата, министерот за здравство Азир Алиу за „360 степени“ рече дека вицепремиерот задолжен за добро владеење подолго време не се појавувал на владини седници

Македонски


