Skip to main content

МВР: Лажна дојава за бомби во повеќе училишта во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска, 29 април 2026 година, на електронската адреса на институцијата била доставена порака со закана за наводно поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје.

По добивањето на дојавата, веднаш биле преземени сите неопходни безбедносни мерки и активности од страна на полициски службеници, кои извршиле проверки во и околу засегнатите училишни објекти.

По спроведените проверки, надлежните служби утврдиле дека станува збор за лажна дојава и дека не постоела реална опасност по безбедноста.

Поврзани вести