Skip to main content

Полицаец од Драчево возел без возачка дозвола и со истечена регистрација – доби кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство против полициски службеник од Полициската станица Драчево.

Против Ш.А. постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

Според пријавата, на 1 октомври 2026 година, надвор од работното време, тој управувал патничко моторно возило со истечена важност на сообраќајната дозвола и без положен возачки испит. Како учесник во јавниот сообраќај, не ги почитувал прописите за безбедност и со тоа, според МВР, управувал со возилото на безобѕирен начин.

Поврзани вести