Skip to main content

Бесплатна проекција на „Хомо“ во „Синеплекс“

Филмот „Хомо“ на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе биде прикажан бесплатно денеска во 18 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. „Хомо“, кој излезе во 2020 година по сценарио на Изи и Сашо Кокаланов, е моќен филм за апсурдот на судбината, раскажан преку шест уникатни животни приказни, поврзани во луцидни епизоди исполнети со црн хумор. Ликовите се среќаваат случајно, во модерна метропола, во обид да преживеат и да најдат трошка среќа. И токму кога надежта изгледа изгубена, љубовта се појавува таму каде што најмалку ја очекуваш.

Улогите ги толкуваат: Александар Матовски Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски, Себастијан Каваца, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Славиша Кајевски и Мартин Манев.

Поврзани вести