Skip to main content

Лажна дојава за бомби во „Сити Мол“ – полицијата утврди дека нема закана

skopjecitymall.mk

Лажна била денешната дојава за поставени експлозивни направи во трговскиот центар City Mall во Скопје.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, денеска (25.04.2026) на нивна електронска адреса била добиена порака со закана дека во објектот се поставени бомби.

Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, извршени се проверки во внатрешноста и околу трговскиот центар, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на испраќачот на заканата.

Поврзани вести