Skip to main content

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи

Министерство иностранных дел Российской Федерации

САД ги напуштаат меѓународно признатите дипломатски конвенции во потрага по сопствени интереси, особено во доминацијата на енергетските пазари, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за руската државна телевизија.

Тој истакна дека со своите постапки во Латинска Америка и Блискиот Исток, Вашингтон го враќа светот „во ера кога немаше ништо“ – ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи.

Соединетите Американски Држави официјално изјавија дека никој не може да им наредува. Тие се заинтересирани само за сопствената благосостојба и се подготвени да ја заштитат со какви било средства – државни удари, киднапирања или атентати врз лидери на земји кои поседуваат природни ресурси што им се потребни на Американците. Венецуела, Иран – нашите американски колеги не кријат дека станува збор за нафта. Тие имаат доктрина за доминација на светските енергетски пазари, истакна Лавров, алудирајќи на апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во американската воена операција во јануари и атентатот врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи во воздушните напади на САД и Израел кон крајот на февруари.

Според него, САД категорично ја „отсекоа“ Европа од енергетските ресурси.

Американците инсистираа Европа да се откаже од Северен тек. Германија е понижена. Сите го разбираат тоа. Каков е резултатот? Сега Унгарците и Словаците се борат со сите сили, бранејќи ги своите интереси, да ги зачуваат евтините, достапни извори на енергија како мотор на нивната економија. И им се вели – не, купувајте двојно поскапо, бидејќи треба да ја „казниме“ Русија. Ова не е пристап кон меѓународните односи. Ова е обид за враќање во колонијалната ера. Европа ги принудува Унгарија, Словачка и сите други „дисиденти“ едноставно да ги почитуваат оние што командуваат во Брисел, без никогаш да бидат избрани од никого, за разлика од националните влади, рече Лавров во интервјуто, критикувајќи ја европската политика, „водена од ароганција и презир кон другите“.

Шефот на руската дипломатија оцени дека дури и во потрагата по решение за четиригодишната војна во Украина, САД се водат од економски интерес.

Нè истиснуваат од сите светски енергетски пазари. Ако сме подготвени да имплементираме заемно корисни проекти на наша територија и да им го обезбедиме на Американците она што ги интересира […], тогаш и нашите интереси треба да се почитуваат. Досега не сме го виделе ова, додаде Лавров во интервјуто објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Поврзани вести