Skip to main content

Лажно се претставувал како хирург:Македонец уапсен во Србија

Државјанин на Македонија, А.К. (42), е уапсен денеска во Белград во брза полициска акција, поради сомнение дека лажно се претставувал како хирург.

Тој бил пресретнат од припадници на полицијата, кои со трчање стигнале до осомничениот, го собориле на земја и му ставиле лисици. При апсењето кај него бил пронајден и отворен паричник полн со пари.

А.К. се сомничи за серија измами извршени од ноември 2025 година до денес, при што, според сомнежите, незаконски прибавил повеќе од 100.000 евра. Се товари дека денеска, претставувајќи се како хирург, заедно со засега непознати лица, довел во заблуда оштетена жена дека за паричен надомест итно ќе оперира член од нејзиното семејство, кој наводно доживеал сообраќајна несреќа.

Полицијата го уапсила веднаш по примопредавањето на парите, при што кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Поврзани вести