
Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог.
Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти. Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на билатералните односи. Средбата беше можност за размена на ставови, идеи и визии за понатамошен развој, со јасна цел постигнување конкретни резултати и долгорочна соработка, обjави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Македонски


