
Народен театар – Битола ќе гостува на сцената на Драмски театар во Скопје на 29 април.
На камерната сцена на Драмски театар ќе биде изведена претставата „Кокошка“ по текст на Николај Кољада а во режија на Марјан Георгиевски.
Претстава што на прв поглед изгледа едноставно, а под површината пулсира со сурова искреност, апсурд и длабоко човечни приказни. Во светот на Кољада, смешното и тажното одат рака под рака, а ликовите се борат со сопствените слабости, желби и илузии – токму како и ние. Ова е театар што не глуми живот – туку го става директно пред вас – без филтер, но со многу срце.
Играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска – Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски и Николче Пројчевски.

Македонски


