Skip to main content

„Вреди“: Теарце во развојна офанзива, инвестициите добиваат конкретна форма

Коалицијата Вреди соопшти дека инвестициите во Општина Теарце се интензивираат, при што се реализираат конкретни проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните.

Во соопштението, се наведува дека под раководство на заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири, заедно со градоначалникот Даут Мемиши и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Тахир Таири, била извршена теренска посета во селото Доброште.

На терен е означен почетокот на реконструкцијата на локален пат, кој се оценува како значаен инфраструктурен проект за жителите. Проектот предвидува целосна реконструкција на околу 600 метри пат, со интервенции во постојните шахти и инвестиција од над 13 милиони денари.

Од „Вреди“ посочуваат дека поддршката од Министерството за транспорт кон општината е континуирана и насочена кон резултати. Во моментов, како што информираат, се реализираат седум проекти со вкупна вредност од околу 2,1 милиони евра, кои опфаќаат реконструкција на локални патишта и инвестиции во канализациска мрежа.

Според соопштението, овие активности имаат за цел не само подобрување на инфраструктурата, туку и унапредување на условите за живот и локален развој.

Од коалицијата додаваат дека ќе продолжат со, како што наведуваат, засилено темпо на работа со цел ветувањата да се реализираат преку конкретни проекти, при што Теарце го посочуваат како пример за одржлив и рамномерен развој.

Поврзани вести