Skip to main content

Членовите на СДСМ за „победата“ во Брвеница: Псхиијатри и психолози може да направат добар научен труд

Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%.

Oваа реченица од соооштението на СДСМ ги збеснаа членовите на опозициската партија по вчерашните избори во Брвеница. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека раководството на партијата е неспособно бидејќи пораз од 4-1 се обидуваат да го претворат во победа.

„Жално за партијата која пропаѓа“. „Не сте нормални“. „ Беда“. „Некој тим на псхихијатри и психолози може да направат добар научен труд“, се дел од коментарите.

Поврзани вести