Skip to main content

Дорис Ди ја промовираше новата песна „ Земјо моја“, посветена на сите Македонци кои живеат далеку од татковината

Младата пејачка со моќен глас Дорис Ди (16) ја промовираше новата песна „ Земјо моја“ и ја посвети на сите Македонци кои, иако живеат далеку од татковината, ја носат Македонија длабоко во своето срце.

Песната е препев на легендарната „ Земљо моја“ која Исмета Крвавац и групата „ Амбасадори“ ја изведоа во 1975 година како учесници на тогашната популарна манифестација „ Вашиот шлагер на сезоната “. Автор на темата е легендарниот Кемал Монтено. Стиховите за македонската верзија ги напиша Огнен Неделковски а за аранжманот се погрижи Николче Мицевски.

На прес конференцијата која се одржа во Порта Македонија го претстави и видеото кое го изработи „ Фабрика продукција“.

Идејата за преработка на песната „Земјо моја“ потекнува од мојот татко. Уште пред две години, кога ми ја предложи, ја доживеав како прекрасен, но речиси недостижен проект. Станува збор за дело на легендарниот кантавтор Кемал Монтено, а по неговата смрт во 2015 година, авторските права им припаѓаат на неговото семејство, кое живее во друга држава.Сепак, животот знае да ги спои вистинските луѓе во вистински момент. Пред неколку месеци, во разговор меѓу татко ми и текстописецот Огнен Неделковски, темата природно премина кон преработки на стари песни. Тогаш Огнен спомена дека токму за оваа песна има напишано текст уште пред неколку години. Тоа беше моментот кога идејата почна да се претвора во реалност – вели Дорис и додадава дека не велат залудно, кога нешто искрено ќе се посака, Универзумот го наоѓа патот.

Набргу стапивме во контакт со семејството на Кемал Монтено и со взаемна почит постигнавме договор за користење на авторските права. Договорот беше официјално потпишан во Сараево од страна на неговата сопруга, Бранка Монтено и мојот татко. Следуваше аранжманот. Моја искрена желба беше тој да го изработи Николче Мицевски. Иако претходно немавме соработка, се надевав дека тоа ќе се оствари. Николче ја прифати понудата, а јас со целосна доверба не посакав ни да ја слушнам песната додека се подготвуваше. Знаев дека ќе биде токму онаква каква што ја замислував. И навистина – резултатот беше над сите очекувања – вели таа.  

Последниот чекор од проектот бил снимањето на видео записот. Нејзин избор била „ Фабрика продукција“. Со кои има одлична соработка.

Особено сакам да ја истакнам улогата на мојата мајка, која стои зад сценариото и режијата на спотот, вложувајќи огромна љубов и посветеност. Целиот процес го завршивме со многу позитивна енергија, а овој проект не би бил ист без сите драги луѓе кои беа дел од него. Огромна благодарност до сите статисти, мојот брат, братучетките и братучедот, кумовите, вујната, ќерката на мојата наставничка и моите другарки  кои придонесоа видеото да изгледа токму вака како што го замисливме – заклучува Дорис.

Поврзани вести