
СДС денес зборува за „политички прогон“, пишува Јане Ченто.
Истите тие што до вчера правеа хајки по луѓе.
Кога вие апсевте, тоа не беше прогон?
Кога луѓе завршуваа по притвори и затвори без вина, тоа беше „правда“?
Кога се вршеа уцени, притисоци и тортури тогаш уживавте бидејќи сакавте да се изживувате врз нас.
Денес глумите жртви за тешки злодела што ги направивте и сте биле прогонети?
Но народот добро памти кој беше гонет, а кој гонеше незаконски.
Вистината не може вечно да се крие.
И иде момент кога тие што се изживуваа врз нас ќе се соочат со одговорност.
Нема заборав.
Барем јас ќе се борам за тоа.
Иронијата нема граници.
Народот не заборава.
………………………………………………………………
“Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто, кој тогаш беше во домашен притвор, не е дома, по што тој беше префрлен во затворски притвор, биле лажни, потврди Апелациониот суд.
На системот му требаа 5,5 години да го утврди ова.”

Македонски


