
„Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра“. Ова го истакна директорот на Царинската Управа, Бобан Николовски во вчерашното гостување на Централниот Дневник на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење злато на Богородица.

Златото во сите случаи е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.
Директорот во гостувањето потсети и на случајот во кој царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје спречија криумчарење на 1,7 килограми скапоцен златен накит, којшто во тек на кривичната постапка од страна на судски вештак беше проценет на речиси еден милион евра.

Македонски


