
Од 23 до 29 април, во Битола ќе се одржи 27. издание на Интернационален фестивал на монодрама.
„Битола повторно ќе стане светска театарска сцена каде еден актер е доволен за да создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации.
Официјалната програма е со внимателно избрани претстави од различни земји, уникатни актерски интерпретации и силни сценски исповеди кои го слават најчистиот облик на театарот – монодрамата.
Во текот на седум фестивалски денови ќе гледаме претстави што отвораат прашања, предизвикуваат емоции и ја ставаат човечката приказна во центарот на сцената“ велат организаторите.
Монодрамите ќе се играат во Центарот за култура а фестивалот ќе го отвори Тијана Дапчевиќ со монодрамата „Менопауза“ со почеток во 20.00 часот.

Македонски


