
Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе ја активира својата кинодејност со нова киноопрема, а првата проекција ќе се случи утревечер во 19 часот, со филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. На проекцијата ќе присуствуваат и Котевска, продуцентот Јорданчо Петковски, монтажерот Мартин Иванов. Филмот е снимен токму во околината на Кочани.
Од Центарот за култура во Кочани објаснуваат дека киноопремата е набавена од донираните финансиски средства од минатата година од страна на Агенцијата за електронски комуникации.
Првата проекција е со хуманитарен предзнак. Собраните средства ќе бидат наменети за повредените од минатогодишната трагедија на кои им е потребна долгорочна подршка. Билети може да се купат на билетарницата на Центарот за култура, по цена од 200 денари.

Македонски


