Skip to main content

Документарецот Avec L’Amour на Илија Цветковски денеска во „Синеплекс“

Денеска, на 13 април, понеделник продолжува иницијативата на Агенцијата за филм македонските филмови да се гледаат на големото платно. По минатонеделниот успешен старт со „Панкот не е мртов“, кој прослави 15-годишнина од премиерата, овој пат следи филм од жанрот на креативната документаристика.

Во скопското кино „Синаплекс“ во 18 часот ќе биде прикажен „Avec L’Amour“ на режисерот Илијa Цветковски, документарец кој е посветен на Дионис Пашлаков, наставник по биологија од Неготино со голема страст за олдтајмери.

Влезот е бесплатен, по принципот прв дојден, прв услужен.

Поврзани вести