Skip to main content

Прилепчанец возел со над три промили алкохол во крвта

МВР

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР Велес.

Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести