Skip to main content

Kикс на Арсенал, чекор назад кон титулата

Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал им приреди непријатно изненадување на своите навивачи со поразот денеска од Бурнемут од 2:1 на домашен терен. Со поразот Арсенал остана на +9 во однос на второпласираниот Манчестер Сити, но со два натпревара повеќе и следното коло има гостување кај Манчестер Сити.

Гостите во два наврати водеа. Првиот гол го постигна Ели Жуниор Крупи во 17.минута, а Арсенал изедначи од пенал во 35.минута. Стрелец на голот беше Виктор Ѓокереш.

Гостите во вториот дел беа подобрата екипа на теренот и по една одлична акција во 74.минута Алекс Скот ја донесе победата.

Тимот на Бурнемут има серија од 12 натпревари без пораз во Премиер лигата, а притоа ја прекинаа серијата од пет нерешени натпревари. Последниот пораз го имаа на домашен терен токму од Арсенал на 3.јануари

Поврзани вести