Skip to main content

УХМР најавува: Сончеви периоди, но и услови за дожд вечерва

Freepik

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат услови за слаб локален дожд, особено во источните и северните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, а максималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, времето ќе биде слично – променливо облачно со можност за слаб дожд во вечерните часови, проследено со умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне околу 17 степени.

Според најавата на синоптичарите, во недела и понеделник ќе следува краткотрајна стабилизација на времето со повеќе сончеви периоди, додека од вторник повторно се очекува период на претежно облачно време со врнежи од дожд низ целата држава, кои ќе бидат пообилни во четврток.

Поврзани вести