Skip to main content

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите, преку 70 проценти е реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40 отсто на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70 проценти, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во однос на активноста, изградбата на вакви проекти не е прашање на визуелизација, туку е прашање на факти и бројки. Споредбено, декември 2024 година биле завршени работи во вредност од 10,7 милиони евра, декември 2025 година, работи во вредност од 19,1 милион евра, скоро 9 милиони евра повеќе. Понатаму, јануари 2025година 9,7 милиони евра, јануари 2026 година 12,2 милиони евра, февруари 2025 година 8,5 милиони евра, февруари 2026 година 13 милиони евра, што е сериозен скок. Тоа го покажува и Заводот за статистика, третиот квартал лани градежништвото имаше раст од 21 отсто, а четвртиот квартал имаше 16,7 проценти,” потенцира Николоски во гостувањето во “Само Интервју”.

Тој додаде дека очекува со ребалансот на буџетот

-Реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт, на што сум особено горд е преку 70 проценти. Се надевам дека со ребалансот ќе имаме и дополнителни средства, затоа што овие средства до ребаланс ние ќе ги потрошиме, што е добро за државата, затоа што нашите средства се најискористени во смисла на раст, потенцираше заменик претседателот на Владата, наведуваат од Министерството за транспорт.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositroketbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibomHoliganbetJojobetJojobetMadridbetBetparkPusulabetPusulabetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbetmarsbahis