Skip to main content

Алкараз е помирен дека Синер ќе биде светски број 1

Facebook / Australian Open

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, се осврна на неговата борба со Јаник Синер за тронот на АТП ранг-листата.

Во моментов Алкараз е лидер со 12.690 поени, додека Синер има 12.500.

– Јаник има неколку големи турнири пред себе каде што може да освои многу поени. Додека јас тешко да ги одбранам моите. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на нашето соперништво. Тој повторно ќе стане број 1 во светот и ќе се залагам колку што можам за да ја врати таа титула. Оваа борба за првото место досега беше многу убава, рече Алкараз во интервју за Жастин Енин на „Евроспорт“.

Алкараз ќе игра против Аргентинецот Томас-Мартин Ечевери во третото коло од турнирот во Монте Карло, додека противник на Синнер ќе биде Чехот Томас Махач

Поврзани вести