Skip to main content

Трамп: САД и Иран можат заеднички да ја обезбедуваат Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле заеднички со Иран да работат на обезбедување на поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина.

Размислуваме да го направиме тоа како заеднички проект- изјави Трамп за Еј-Би-Си Њуз, додавајќи дека тоа е начин да се обезбеди преминот „и од други закани“, без да наведе дополнителни детали.

САД и Иран во текот на ноќта постигнаа двонеделен прекин на огнот, при што Техеран се согласи привремено да ја отвори Ормуската Теснина под одредени услови.

Иран и натаму ја задржува контролата врз поморскиот сообраќај низ овој клучен премин за глобалната трговија со нафта и гас.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека безбеден премин ќе биде можен во рок од две недели, во координација со вооружените сили и „со должно внимание на техничките ограничувања“.

Во меѓувреме, сервисот за следење бродови „МаринТрафик“ објави дека сообраќајот низ Ормуската Теснина повторно се зголемува.

Поврзани вести