Skip to main content

Грчката влада воведе двомесечна субвенција за гориво поради зголемените трошоци поврзани со војната

Freepik

Грчката влада воведе субвенција за трошоците за гориво како одговор на зголемените цени на енергијата како резултат на војната во Иран, јави ДПА.

Домаќинствата со ниски и средни приходи имаат право на поддршка. Граѓаните кои ги исполнуваат условите можат до крајот на април да поднесат апликации за она што се нарекува „картичка за гориво“, соопштија денеска грчките власти.

Апликациите се поднесуваат онлајн преку државен портал со користење на личните податоци за пристап на даночната управа. Плаќањето се врши или преку дигитална дебитна картичка или со трансфер на банкарска сметка.

Износот на субвенцијата е поделен според типот на возило и регионот: за автомобили е 50 евра на копното и 60 евра во островските региони, а за мотоцикли 30 и 35 евра. Шемата се однесува на месеците април и мај.

Конзервативната влада изјави дека ќе разгледа дополнителни мерки доколку ситуацијата дополнително се влоши, во зависност од понатамошниот развој на настаните на Блискиот Исток, пренесе германската агенција.(МИА)

Поврзани вести