Skip to main content

Израел планира уништување десетици гранични села во Либан за да воспостави „безбедносна зона“ без пристап за населението

timon-studler-on-unsplash

Израелските одбранбени сили ќе презентираат план за целосно уништување на десетици гранични села во јужен Либан и воспоставување безбедносна зона што се протега од 2-4 километри од границата, при што на цивилите нема да им биде дозволено да се вратат јужно од реката Литани „сè додека не се отстрани заканата од Хезболах“, објавува „Тајмс оф Израел“, .

Од војската велат дека моделот е сличен на „жолтата линија“ во Газа и ќе ја помести границата подлабоко на либанска територија.

Израелските одбранбени сили признаваат дека разоружувањето на Хезболах не е задолжителна цел за тековната кампања поради ограничувања, вклучително и фокусот на Иран.

Треба да го ослабнеме Хезболах, но разоружувањето на организацијата не е неопходно достигнување на крајот од оваа кампања“, изјави висок офицер.

Ова е во спротивност со неодамнешните изјави на израелскиот премиер, министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац подоцна издаде соопштение во кое инсистираше дека:

Политиката на Израел во Либан останува јасна: Врховна цел е разоружување на Хезболах со воени и политички средства, без оглед на прашањето со Иран“.

Поврзани вести