
По повод Светскиот ден на литература за деца, со поддржка на Општина Охрид, ќе се одржа едукативната работилница и литературна средба со авторката Александра Велинова „Учиме, патуваме и природата ја чуваме“, во основното училиште „Св. Климент Охридскки“ во Охрид. Наумовите и Климентовите ученици на креативен и интерактивен начин „патуваа“ низ светот на книгите, природата и фантазијата.
Книгите се нашите најубави патувања – од нив учиме, се инспирираме и нè прават подобри луѓе.Децата се најискрената и највдахновувачка публика – нивната љубопитност, прашањата и фантазијата секоја средба ја прават посебна. Се надевам ќе ја поттикнеме навиката за читање, и ќе ја развиеме креативноста и свеста за заштитата на животната средина. Но, што е уште поважно кога се повеќе отсуствува емпатија дека ќе го поттикнеме меѓусебното почитување -вели Велинова.
На првата станица учениците се запознаа со подводниот свет на Охридското езеро преку илустрираната книга за деца „Домот на пастрмката“. Ги збогатија своите знаења за ендемските видови и значењето на заштитата на природата, со посебен акцент на охридската пастрмка.
Во „Магичниот град“, пак, се отвори разговор за емоциите, другарството и емпатијата, при што децата креираа свој замислен град на добрината.
Голем интерес предизвика и станицата „Со Ками во Египет“, каде учесниците дознаа повеќе за пирамидите, фараоните и животот во пустината, а нурнаа и во подводниот свет на Црвено Море.
Во „Дино парк“, децата се запознаа со светот на диносаурусите, нивниот изглед, исхрана и големина. Додека на станицата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ се разговараше за убавината, заштита на македонските планини и придобивките од престојот во природа.
„ На крилјата на самовилското коњче“ ги развива еколошките навики.
Во завршниот дел, секоја група сподели што научиле и кое „патување“ им било најинтересно.

Македонски



