Skip to main content

Тројца загинати и 12 повредени во напад врз верски објект во Иран

Три лица загинале, а 12 се повредени и пренесени во болница по воздушен напад врз верски комплекс во градот Занџан во северозападниот дел на Иран.

Според официјалните ирански гласила, во бомбардирањето биле оштетени административна зграда, угостителски објект, библиотека и околни објекти. Објавена видео-снимка прикажува целосно уништена зграда, урнатини и чад, додека самата џамија, според снимките, не е погодена.

Нападот се случува во услови на ескалација на конфликтот, откако Израел и САД извршија напади врз Иран на на што Техеран возврати со напади врз Израел и американски сојузници во регионот на Заливот.

Поврзани вести