Skip to main content

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Етиопија, источно од главниот град Адис Абеба, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотресот бил плиток, со епицентар на длабочина од 10 километри, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Областа е погодена од низа мали земјотреси откако блискиот вулкан почна да покажува знаци на ерупција на почетокот на оваа година, соопшти агенцијата.

Поврзани вести