
Голема експлозија одекнала во Либан, во близина на базата каде што се стационирани припадници на српските вооружени сили како дел од мисијата на Обединетите нации (УНИФИЛ), објави РТС.
Во тој дел од Либан има 114 припадници на српските вооружени сили како дел од заедничката меѓународна мисија на Обединетите Нации.
Како што е потврдено за јавната служба, српските војници не биле во опасност. Тие се добро и продолжуваат со своите активности во мисијата УНИФИЛ.

Македонски



