
Турција спроведува активна дипломатија со цел да ги спречи арапските монархии од Персискиот Залив да се приклучат на војната против Иран, објавува „Блумберг“.
Според изданието, официјална Анкара стравува дека вклучувањето на арапските држави од Блискиот Исток во борбени активности против Иран може да доведе до тотална војна, што би го загрозило целиот поширок регион.
Со цел да ја деескалира ситуацијата, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан веќе ги посети Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар, а имал и телефонски разговори со раководството на другите држави од Блискиот Исток.

Македонски



