Skip to main content

Утрово најстудено на Попова Шапка

Денеска времето во земјата ќе биде променливо облачно и релативно топло, со сончеви периоди, но ќе дува умерен до засилен, а локално и повремено силен ветер од јужен правец со брзини над 60 km/h. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се движи од 14 до 21 степен, додека во Скопје се очекува до 20 степени.

Според утринските мерења, најладно во земјата е на Попова Шапка со -3°C. Најниски температури се забележани и во Берово (-1°C), Битола и Крушево (0°C), додека во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Маврови Анови се измерени 1°C.

На Попова Шапка снежната покривка достигнува 53 cm, што е највисоко измерена во земјата.

Поврзани вести