Skip to main content

„Волстрит џурнал“: Саудиска Арабија и ОАЕ се поблиску до влегување во војната против Иран

Западите медиуми пишуваат дека две блискоисточни земји би можеле да влезат во војна против Иран.

Како што објави „Волстрит џурнал“, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја разгледуваат можноста да се приклучат на воената кампања на САД и Израел против Иран.

Според изданието, по нападот врз главниот град на СаудискаАрабија, Ријад и неговата нафтена инфраструктура, позициите на земјите се промениле: Саудиска Арабија е подготвена да ги обезбеди базите кои би биле „отскочна штица“ за нападот врз Иран, а ОАЕ го зголемува притисокот врз иранските средства и размислува за испраќање војници.

Според, пак ,„Њујорк тајмс“, саудискиот принц Мохамед бин Салман го убедува американскиот претседател Доналд Трамп да употреби копнени сили за да ја заземе клучната иранска енергетска инфраструктура и да предизвика промена на власта во „тврдокорната“ влада.

Поврзани вести