Skip to main content

Кастинг на Факултетот за драмски уметности за испитни кратки филмови

Во сабота (28.03) од 12 часот до 16 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности, нашите колеги од филмска режија организираат отворен кастинг за испитни кратки филмови. Кастингот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на претходно актерско искуство, информираат од Академска сцена.

Ги покануваме сите љубители на филмот да се пријават и да станат дел од нови авторски приказни!

Кастингот ќе се состои од:

– кратко претставување пред камера (име, возраст)

– импровизација или кратка зададена ситуација

– по потреба, читање краток дел од сценарио

За тие што се заинтересирани, може да пратите меил на:

Граници – Теодора Најдовска [email protected]

Дупката во ѕидот – Бојана Миовска

[email protected]

Опсервација – Дарко Ѓуровиќ

[email protected]

Втора Миграција – Михаел Каровски Natrix

[email protected]

За други информации можете да нѐ контактирате во порака.

Ве очекуваме со возбуда!

Поврзани вести