
Руските вооружени сили ќе ги штитат руските граѓани во странство, пишува „Блумберг“.
До Државната дума на Руската Федерација е поднесен закон, според кој ќе може да се користи воена сила за заштита на руските граѓани чии случаи се разгледуваат пред странски судови или меѓународни трибунали чија надлежност Русија не ја признава.
Западниот судски систем е целосно дискредитиран. Пратениците ќе обрнат приоритетно внимание на овој закон“, вели претседателот на рускиот парламент, Вјачеслав Володин

Одлуката за употреба на вооружени сили ќе ја донесе шефот на државата, забележува „Блумберг“
Овој закон изгледа како директна закана… Пораката е едноставна: ако се обидете да уапсите некој од нашите луѓе, можеме да испратиме специјални сили таму“, нагласува политичкиот коментатор, Катерина Шулман.

Македонски


