
На на 86-годишна возраст почина холивудскиот актер Чак Норис. Овој актер стана познат по броји улоги во акциони филмови, но светска слава и статус на култна легенда стекна по шегите за Чак Норис.
Ова се 15 од најдобрите „Факти за Чак Норис“.
* Кога Чак Норис прави склекови, тој не се крева себеси, туку ја турка Земјата надолу.
* Ако на Гугл пребарата Чак Норис, Гугл ќе ви одговори: „Вие не го барате Чак Норис, Чак Норис ве бара вас кога ќе одлучи така“.
* Чак Норис може да кивне со отворени очи.
* Во време на пандемијата, Чак Норис фатил корона, тогаш вирусот морал да оди 14 дена во изолација.
* Кога Чак Норис лупи кромид, кромидот плаче.
* Чак носи очила за сонце за да не го повреди Сонцето со својот поглед.
* Не постои теорија за еволуција. Има само список на суштества на кои Чак им дозволил да живеат. Диносаурусите не се на списокот.
* Гинис еднаш влезе во книгата на рекорди на Чак Норис.
* Чак Норис спие со вклучено светло затоа што и темнината се плаши од него.
* Вселената постои затоа што се плаши да биде на иста планета со Чак Норис.
* Кога Чак Норис влегува во соба, не го пали светлото, ја гаси темнината.
* Солзите на Чак Норис лекуваат рак. Затоа нема лек за рак – тој никогаш не плаче.
* Чак Норис може да изгради Снешко од дожд.
* Чак Норис може да открши јајце.
* Чак Норис не чита книги, тој само заканувачки гледа во нив додека не ги добие потребните информации.

Македонски


