
Царинската управа започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година.
Притоа во период од година ипол, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари, објави на социјалните мрежи директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Македонски


