
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Каја Калас, најави распоредување на „хибриден тим за брза реакција“ во Ерменија за справување со заканите во контекст на парламентарните избори во 2026 година.
На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Калас нагласи дека поддршката на демократијата во регионот останува приоритет за Европската Унија, додавајќи дека официјален Ереван независно побарал таква помош.
Според Калас, ЕУ ќе издвои 15 милиони евра за оваа мисија.
Нема да ја оставиме Ерменија сама да се соочи со странско мешање. Демократиите под притисок можат да сметаат на Европа“, изјави Калас.
На состанокот, европските дипломати разговарала и за проблемите во соседна Грузија, каде што, според Брисел, има „понатамошно влошување на демократската ситуација“.

Македонски


