Skip to main content

Украина ќе испрати воени инструктори во Германија за да ја обучат како да се бори против Русија

МИА

Украина ќе испрати воени инструктори во Германија за да ги обучуваат германските воени сили како да се борат против Русија, објави „Ројтерс“

Ова за агенцијата го соопштил командантот на Бундесверот, Кристијан Фројдинг. Според него, Германија мора да ја забрза подготовката на армијата поради можна закана од Русија.

Фројдинг вели дека официјален Берлин ја смета 2029 година како можен рок кога Русија би можела да биде подготвена за напад.

Тоа е речиси задутре. Немаме време – непријателот нема да чека да ја објавиме нашата подготвеност“, нагласи Фројдинг.

Според него, украинската армија во моментов има уникатно борбено искуство против руските сили, кое Германија има намера да го искористи во обуката на своите војници.

Поврзани вести