
Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации. Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне.
Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба. Благодарение на навремената дијагноза, спречени се потешки компликации кај двајцата патници.

Македонски

