Skip to main content

Би-Би-Си бара отфрлање на тужбата за 10 милијарди долари: Победата на Трамп докажува дека угледот не му бил нарушен

Facebook / Donald J. Trump

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си побара од американски суд да ја отфрли тужбата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото барање за отштета од 10 милијарди долари поради монтажа на негов говор од 2021 година во документарен филм.

Според објавените судски документ, Би-Би-Си наведува дека повторниот избор на Трамп за претседател на САД покажува дека наводната клевета не го оштетила неговиот углед.

Трамп го обвини Би-Би-Си дека го оклеветил со спојување и монтажа на делови од говорот од 6 јануари 2021 година, за да изгледа како да им наредил на своите поддржувачи да упаднат во Капитол Хил во Вашингтон. Документарецот беше емитуван во 2024 година, непосредно пред победата на Трамп на претседателските избори.

Во еден дел од документарецот се гледа како Трамп ги повикува поддржувачите да упаднат во Капитол, а потоа во друг дел вели „се борат како луди“. Тужбата на Трамп, поднесена до судот на Флорида, наведува дека Би-Би-Си го оклеветил и го прекршил законот на Флорида кој забранува измамнички и нефер практики.

Би-Би-Си му се извини на Трамп за монтажата, но тврди дека тужбата треба да се отфрли бидејќи Трамп победи на изборите по емитувањето на контроверзниот документарец и не може уверливо да се тврди дека филмот му наштетил на неговиот углед“, наведоа адвокатите на Би-Би-Си во судските поднесоци.

Поврзани вести