Skip to main content

Американски генерал кој ја водел програмата за вонземјани на Пентагон исчезнал во Ново Мексико

Freepik

Генералот кој ја водеше програмата за НЛО на Пентагон исчезна во Соединетите Американски Држави, објави телевизијата „Си-Ен-Ен“.

Според телевизијата, пензионираниот генерал-мајор на американските воздухопловни сили, Вилијам Нил МекКасленд (68), исчезнал откако го напуштил својот дом во Албукерки на 27 февруари.

Неговиот телефон бил оставен дома и оттогаш офицерот не контактирал со своето семејство.

МекКасленд претходно ја водеше Истражувачката лабораторија на американските воздухопловни сили и беше дел од група која проучуваше неидентификувани воздушни феномени.

Поврзани вести